По веста за обинението од Хаг и оставката од претседателската функција на Хашим Тачи, целосна подршка изрази албанскиот премиер Еди Рама и како што наведува цела Албанија.
Рама на објава на Твитер наведува дека овој процес на истрага против него ќе послужи за разјаснување на чистотата на Ослободителната војска на Косово.
-Хашим Тачи ја има целата поддршка и солидарност на Албанија во оваа последователна битка за Косово и за неприкосновената правда на ослободителната војна! Апсурдниот процес против него конечно ќе ја запечати чистотата на ОВК и неможноста да се прерагледува нејзината историја, напиша Рама на Твитер.
Хашим Тачи си поднесе оставка од функцијата претседател на Косово откако Специјалното обвинителство во Хаг го потврди обвинението против него.Обвинение е покренато и за лидерот на Демократската партија, екс собрански спикер и поранешен прв човек на косовската агенција за разузнавање,Кадри Весели, како и за Реџеп Селими координатор на пратеничката група на Движењето „Самоопределување”.