Сенаторот од Пенсилванија, Боб Кејси изрази уверување дека демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден ќе победи во таа сојузна држава и оценува дека гласачките ливчиња во Филаделфија, кои се уште се пребројуваат, би можеле да ја одлучат победата на поранешниот потпретседател на САД.
Кејси изјави за Си Ен Ен дека Бајден може да го престигне Доналд Трамп, кој моментно води во Филаделфија, но неговата предност е значајно намалена, особено кога се пребројуваат поголем број гласачки ливчиња.
Тој смета и дека Бајден би можел да освои повеќе гласови во Филаделфија од поранешниот американски претседател Барак Обама.
– Претседателот Обама за малку ќе ја освоеше Филаделфија со разлика од 500.000 гласови. Бидејќи сега излезноста е многу поголема, Џо Бајден може тоа да го достигне, но и не мора, истакна сенаторот.
Кејси додаде дека разговарал вчера со Бајден, кој покажувал многу оптимизам.
Пенсилванија, која носи 20 електорски гласови, е една од пресудните држави за пат на кој било претседателски кандидат до 270 електорски гласови, кои носат победа на изборите.
Правниот советник на Трамп, Рудолф Џулијани изјави дека „во тек е голема измама” на изборите во САД