Секојдневно се докажува дека очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен лажни вести, дезинформации и деструкции. Граѓаните тоа го гледаат секој ден.
Очајно е слаб дури и системот на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ.
Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола, лиферува лажни информации и невистини а потоа истите ги комуницира преку партиски канали. Ама не проаѓа.
Лажната вест на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ уште вчера беше демантирана. Апсолутно е неточно дека компанијата за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ има каква било поврзаност со членови на семејството на претседателот Зоран Заев. Ниту некој ургирал ниту пак ќе ургира. Тоа се едни исти пусти измислици и лаги на ВМРО-ДПМНЕ.
Очајот во кој е западната ВМРО-ДПМНЕ по трите последователни порази на избори е сериозен проблем за оваа заглавена опозициска партија.
Впрочем, затоа се во длабока опозиција и затоа уште долго ќе останат таму.