Турскиот дебитант во фудбалската Лига на шампионите, Башакшехир ја забележе историската прва победа во елитното клупско натпреаврување против еден од најславните клубови англискиот Манчестер јунајтед (2:1). Шампионот на Турција победи благодарение на несвојствените грешки кои ги праве во одбраната играчите на трофејниот англиски премиерлигаш.
Поразот во Истанбул ги актуелизира шпекулациите дека тренерот Оле Гунар Солскјер ќе добие отказ. Менаџерот на Јунајтед не сакал да ги коментира медиумските шпекулации.
-Сезоната штотуку започна, има уште многу да се игра, а секој има право на свое мислење. Морам да останам јак. Вработен сум во Манчестер јунајтед, мојата работа е заедно со помошниците да го правам она што е најдобро за клубот, изјави Норвежанецот.
Манчестер јунајтед, во Лигата на шампионите, има две победи и пораз, додека во Премиер лигата се наоѓа на 15 место, што е најлош старт во првенството од 1972 година.