Едно лице утрово е потешко повредено во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, што се случила на една од попрометните улици во Гостивар.
Од гостиварската полиција потврдија дека околу 7:30 на улицата „Беличица” дошло до судир на три возила „фиат чинквеченто” управуван од Е.Р. (31), „бмв” управуван С.Ш. и паркирано транспортно возило „ивеко”.
Од првичните сознанија, возачот на фиатот со тешки телесни повреди бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” каде е згрижен.
На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Гостивар, по што ќе се утврдуваат причините кои доведоа до сообраќајката.