Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа состанок со Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир и Раководителот на секторот за операции Штефен Худолин.
ЕУ амбасадорот го истакна своето задоволство за успешната соработка во делот на земјоделството и руралниот развој, како и целосна поддршка на ЕУ во процесот на Евроинтегративните процеси.
ЕУ дава финансиска поддршка преку ИПА фондовите во различни области од земјоделството и руралниот развој, во јакнење на административните капацитет, како и во изработка на различни системи.
Исто така, Шефот на Делегацијата, го истакна своето задоволство за направениот напредок за реализација на ИПАРД програмата и искористување на сите средства од ИПАРД 2 програмата.
Министерот Хоџа се заложи за преземање на стратешки одлуки за спроведување на реформите согласно барањата на заедничката земјоделска политика на ЕУ и целосна посветеност во координативните процеси при отпочнување на преговорите за поглавјата 11,12 и 13.