Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје
„Петре Шилегов денес призна дека Вардариште го загадува Скопје и ја уништува животната средина. Вардариште е депонија направена од град Скопје и со години го труе градот.
Шилегов 3 години ветува решавање на проблемот сп Вардариште, а решение нема.
На Вардариште гори секаков отпад, а тоа го дишат граѓаните.
Од миризбата, и запалената депонија страдаат жителите и на Гази Баба и на Аеродром.
Вардариште е проблем за цело Скопје, особено сега кога Скопје се гуши.
Мерните станици низ Скопје веќе неколку дена по ред покажуваат 2 – 3 пати загаденост над дозволеното, а ниту една мерка не е преземена.
Шилегов три години преспа. Три години не е направено ништо за животната средина. Од ветениот чист воздух, нови зелени површини и почиста животна средина нема ништо. Време е за одговорност.