Секогаш кога имаат важност да застанат во заштита на јавното здравје, ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски застануваат на спротивната страна, на страната на коронавирусот.
Бадијала глумат загриженост за здравјето на граѓаните, кога прават се за да го поткопаат здравствениот систем.
Да им беше важно здравјето на граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаше секојдневно да ги прекршуваат мерките и забрани за заштита од коронавирусот. Да им беше важни јавното здравје, немаше да блокираат пари наменети за опремување на 16 ковид центри, немаше да организираат протести за спас на Мицкоски каде масовно ги кршеа мерките.
Барем малку да им беше грижа за граѓаните и нивното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаше секојдневно да шират лажни вести, а членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ немаше да шири заблуди дека вирусот не е опасен и дека пандемијата која го зафатат целиот свет, само што не завршила.
Крвави се рацете на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради таквото нехумано, несовесно и опасно однесување, наместо да се обидуваат политички да профитираат во време на сериозна здравствена криза, за почеток нека почнат да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.