Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, каде денеска за првпат бројот на новозаразени ја надмина бројката од 400.
-Регистран е нов негативен рекорд на инфицирани со коронавирус. Во изминатите 24 часа од направените 1.744 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 421 лице што е 24,1 отсто. Во исто време починаа седум паценти или 543, а досега се оздравени 118 лица, со што бројката на оние кои го победија опасниот вирус се зголеми на 11.696, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита апелирајќи за строго почитување на мерките за заштита.
Од почетокот на март кога беа регистрирани првите случаи до сега направени се 133.291 тестови, позитивен резултат е добиен кај 22.721 лице, оздравеле 11.696 ,додека активни на болеста се 10.482, од нив 346 се хопситализирани во трите ковид болници.
Поради заразени судии и друг персонал, по Каваја, Драч и Тирана од денеска затворен е и судот во Валона. Не работат и градинки во повеќе градови, одделенето за катастар во Елбасан, а заразени има и меѓу наставниот кадар.