Во Србија 2.181 нов случај на коронавирус, 11 лица починале

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 2.181 нов случај на коронавирус, а 11 лица починале, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 861.

Во болница на лекување се 2.125 лица, од кои 57 пациенти се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се тестирани 1.388.716 лица, а вирусот е потврден кај 55.676 лица, пренесуваат српските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави