Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Парламентарното мнозинство го усвои Ребалансот на Буџетот за 2020 година, поднесен од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Со овој ребаланс, обезбедуваме средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки вреден 470 милиони евра, за помош и поддршка на граѓаните и економијата, за справување со последиците од коронакризата.
Се грижиме за здравјето на граѓаните, се грижиме за работниците, работните места, платите, пензиите, компаниите, на секој што му е потребна помош и поддршка од државата.
Но покрај овој пакет, со ребалансот се финансираат и капитални, локални проекти важни за граѓаните ширум земјава.
Како одговорна партија СДСМ покажуваме дека и во време на сериозна светска економска криза, државата има пари, има капацитети да застане зад сериозни капитални инвестиции на локално ниво.
Со ребалансот обезбедувме пари за 19 проекти во десетици општини низ државата.
120 милиони денари обезбедуваме за реконструкција на Универзалната сала во Скопје.
20 милиони денари обезбедивме за изградба на систем за водонсабдување во општина Чаир.
Со 7 милиони денари се финансира реконструкцијата на спортската сала Соколана во Куманово.
6 милиони денари се предвидени за имплементација на препораките на УНЕСКО за општина Охрид, а предвидени се и средства за санација на Колекторскиот ситем на Охридксото Езеро.
Со 5 милиони денари преку ребалансот се финансира почетокот на изградбата на клучка кај Момин Поток во општина Карпош, а во истата општина ќе се финансира и почеток на изградбата на мост за што се обезбедени нови 4 милиони денари.
10 милиони денари се за изградба на канализациска мрежа во општина Сарај, а со 7.5 милиони денари ќе се финансира нов систем за водоснабдување во општина Тетово.
Обезбедени се пари за проекти и во Кочани, Маврово Ростуше, Валандово, Кичево…
СДСМ е посветена на реализирање проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.
Грижата за граѓаните на централно и локално ниво продолжува.