Францускиот претседател Емануел Макрон повика денеска за детална ревизија на шенгенскиот простор за слободно движење во Европа.
– Апелирам на ревизија на Шенген зоната и поголема контрола, истакна Макрон за време на посетата на француско-шпанската граница на превојот Ле Пертис, додавајќи дека следниот месец ќе ги изнесе „првите предлози до Европскиот совет”.
Макрон, исто така, најави двојно зголемување на силите кои ја контролираат француската граница, од 2.400 на 4.800, во рамки на борбата против тероризмот, трговијата со луѓе и илегалната миграција.
– Таква одлука е донесена „поради интензивираните закани” по неодамнешните напади, вклучувајќи го и нападот во Ница, нагласи францускиот претседател.