По веста за заминувањето од тренерската клупа на македонскиот ракометен суперлигаш Металург на првиот стратег Зоран Кастратовиќ, се огласи и тимот од Автокоманда да потврди дека разделбата ја направиле спогодбено. Металаург му се заблагодарува за досегашната соработка на Кастратовиќ и информира дека нема да бара нов тренер, туку таа должност ќе му ја довери на досегашниот асистент во стручниот штаб Оли Димитриоски.
-Во овој момент нема да назначиме нов тренер, првиот тим продолжува да работи со Оли Димитриоски, во кој имаме потполна доверба, а досега беше помошник тренер на Кастратовиќ, велата од Металург.
Ракометарите на тимот од Автокоманда ќе направат ковид-тетови и од утре ќе продолжат со работа.