Метју Меконахи во средата наполни 51 година, а празничниот ден го прослави со специјална песна од две од неговите три деца.
Добитникот на „Оскар“ се огласи и на Твитер и на Инстаграм на неговиот роденден за да сподели видео на кое Ливингстон (7) и Вида (10) му пеат „Хепи брдеј“ на свој шарен начин.
Се чини дека специјалната песна дошла на почетокот на денот, а актерот напиша: Денес имав прекрасен будилник. На краткиот видео клип има неколку различни снимки од двете деца кои весело му посакуваат среќен роденден на својот татко.