Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ глумат загриженост за здравјето на граѓаните и ја злоупотребува сериозната здравствена ситуација за дневно-политички поени.
Од ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на кризата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики за сите кои се борат со невидливиот непријател.
Свесни дека Министерството за здравство добро ја менаџира кризата, наместо да помогнат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да одмагаат.
Кадарот на Мицкоски во техничката Влада го кочеше заемот од Светска Банка со чии средства требаше да се опремат ковид болници. Да не беа таквите блокади, сега во државата веќе ќе имаше опремени нови 16 ковид болници, уште поподготвени за есенскиот бран на коронавирусот.
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го кочеше и Законот за заштита на населението од заразни болести, условувајќи го со формирање на некаква паралелна Комисија за заразни болести.
Додека сите се посветени во борбата против пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот Вело Марковски со лажни вести и ставови дека коронавирусот не опасен, ги саботира мерките за заштита на јавното здравје и ги збунува граѓаните.
Самиот Мицкоски не ги почитуваше мерките за заштита од коронавирусот, одеше по теретани и седеше во кафани, кога тоа беше забрането, а сега оранизира собири, со кои го загрозува здравјето на граѓаните, само за да ја сочува партиската фотелја во белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго освен деструкција и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните.