Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а дневната од 13 до 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 17 степени.