Османи утре во Анталија на состанок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, на покана на Претседавачот со ПСЈИЕ, министерот на Турција, Мевљут Чавушоглу, утре ќе престојува во Анталија, за да учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ.

Османи, во рамките на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со домаќинот, министерот на Турција, Мевљет Чавушоглу.

Шефот на дипломатијата, Османи, присуството во Анталија ќе го искористи да се сретне и со својот хомолог од Република Србија, Никола Селаковиќ, што воедно ќе биде и прва средба по превземањето на нивните нови должности.

Османи на состанокот ќе ги претстави националните мерки при справување со кризата предизвикана од пандемијата, можните начини за стратешка соработка и партнерства преку бројните регионални иницијативи, вклучително и Берлинскиот процес со кој оваа година ко-претседаваат Северна Македонија и Бугарија.

Министрите на состанокот ќе дискутираат на темата: Начини на зацврстување на соработката во справување со пандемијата со КОВИД-19 и искуствата на земјите од ЈИЕ.  Фокус на министрите ќе биде да најдат начин за интензивирање на регионалната соработка во време кога Европа и светот се соочуваат со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, како и кон приоритетите за воспоставување поголема поврзаност на регионот, младината и нејзиното значење во општествата, дигитализацијата, културата и туризмот.

Треба да знаете
Последни објави