Поранешниот косовски претседател на собранието Красниќ испратен во Хаг

Поранешниот претседател на косовскиот парламент Јакуп Красниќи е префрлен во Хаг. Таму ќе треба да се соочи со обвиненија покрената против него за воени злосторства и злосторства против човештвото, откако вчера беше уапсен во Приштина од страна на ЕУЛЕКС во соработка со косвската полиција.

Претходно тој беше приведен од обвинителите за воени злосторства со седиште во Хаг, во соработка со локалната полиција и мисијата на ЕУ за владеење на законот. Полицијата и истражителите поминаа околу 10 часа во куќата на Красниќи пред да го приведат.

Красниќи е поранешен портпарол на Ослободителната војска на Косово, кој стана претседател на косовскиот парламент по осамостојувањето, па дури и помина време како вршител на должноста претседател, од 2011 година.

Треба да знаете
Последни објави