Полициски службеници од ЕВР Чаир при СВР Скопје вчера лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, осомничен за сторени кривични дела „тешка кражба” и „тешка кражба во обид”.
– Со него бил извршен разговор, при што ги признал делата „тешка кражба ” во продажен објект на 13.08.2020 и „тешка кражба во обид ” во аптека, исто така, на 13.08.2020, соопштија денеска од МВР.
По целосно документирање на случаите, се наведува во соопштението, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.