Интензивно се работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче и сè се одвива според предвидената динамика. Моментално се поплочува дворот на објектот со павер-елементи, по што ќе бидат поставени клупи за седење, како и друга урбана опрема. Исто така, интензивно се работи и на внатрешноста на објектот.
Првата фаза ќе заврши до Нова година, а целиот објект ќе биде готов идната година.
Новата училишна зграда е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици. Ќе биде опремена со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците