Солскјер ја презема вината за поразот и бизаарниот гол

Манчестер Јунајтед доживеа пораз на гостувањето кај Истанбул Башакшехир, со што си ја искомплицира ситуацијата во својата група од Лигата на шампионите. Покрај поразот и фактот што го остави турскиот шампион во борба за едно од првите две места, фановите беа разочарани и од начинот на кој Јунајтед ги прими головите.

Лошите реакции на одбраната предизвикаа и критики од менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој ќе има што да им каже на своите фудбалери по враќањето во Англија.

– Не одигравме како што треба против екипа која трчаше и работеше напорно на теренот. Вакви голови во Европа се примаат кога не играте добро во одбрана, посебно првиот гол кога заборавивме фудбалер зад последната линија, нешто што е непростливо. Имавме скратен корнер и сите заборавија да се вратат назад и да ги маркираат играчите против кои играат, и Демба Ба го искористи тоа. Вообичаено не можете да видите вакви голови на ова ниво, недостасуваше комуникација меѓу фудбалерите. Во вториот дел се обидовме, но не успеавме да постигнеме втор гол за израмнување. Не треба да примаме лесни голови како овој. Знаеме колку е тешко да се постигнат голови и да се креираат шанси воопшти и кога ќе примите лесни голови како нашите два денеска, тоа ви ја отежнува работата. Не си ги завршивме нашите должности и улоги тука и тоа е моја одговорност, изјавил Солскјер.

Треба да знаете
Последни објави