Виена уште е во шок по терористичкиот напад што го изврши Кујтим Фејзулаи. Соседите го опишуваат како повлечен и религиозен, па никој не претпоставувал дека е таков монструм.
Сосетката Гордана Николиќ (68) за медиумите раскажува дека го сретнала тој ден околу 14 часот на скалите.
-Беше насмеан, ми помогна со кесите од пазарење. Излегував од лифт, а тој одеше пешки по скалите. Кога ме виде, побрза, ми ги позема кесите и инсистираше да ми ги однесе до вратата од станот. Изгледаше среќно се смееше, си помуабетивме, се изгледаше нормално, вели Гордана.
Додава дека многу ѝ е тешко кога ќе се сети дека неколку часа подоцна убивал луѓе на улица. Кога излегувал од зградата носел црни широки панталони и дуксер со качулка, што значи дека се вратил да се преслече.
Секогаш бил повлечен, но беше згоден. Во очи ми влегуваа неговите панталони, имаа исламски белег, вели таа.
Друг сосед го видел околу 15 часот, бил пред зграда со уште две лица со бради.
-Страшно е што живееше така блиску до нас. Се до неодамна секојдневно гледав луѓе облечени во исламска облека како се собираат во една соба во зградата карши нашата. Не знам дали и Фејзулаи одел таму. Знам дека средбите почнаа пред една година, но во изминативе неколку недели не ги видов, вели сосетката Силвија Немет.