Челзи и Дортмунд убедливи, по два гола на Халанд и Вернер

Екипите на Челзи и Борусија Дортмунд забележаа убедливи победи во третото коло од групната фаза на Лигата на шампоните.

„Сините“ славеа против Рен со 3:0 со два гола на Вернер од пенал и еден на Абрахам.

Дортмунд исто така со 3:0 славеше на гости кај Бриж. Трите гола ги даде во првото полувреме (Торган Азар и два на Ерлинг Халанд).

Треба да знаете
Последни објави