Шведска ќе ја продолжи граничната контрола од 12 ноември до мај следната година поради зголемената безбедносна закана, соопшти денеска шведската влада.
„Нивото на закана од тероризам е зголемено и нашата проценка е дека е потребна контрола на границите на Шведска“, рече шведскиот министер за надворешни работи Микаел Дамберг, пренесува „Ројтерс“.
Во последната недела се случија два терористички напади во Франција и Австрија, во кои загинаа седум лица, а неколку беа повредени.