Шилегов: Напуштениот резбан мебел од поранешно Матично ќе биде сместен во Соборниот храм

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека напуштениот резбан мебел од поранешно Матично, ќе и биде даден на МПЦ за да се постави во Соборниот храм.

-Денеска имав телефонски разговор со градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и архепискипот на МПЦ ОА г.г. Стефан. Се усогласивме напуштениот резбан мебел кој се користеше во поранешното Матично, откако ќе биде репариран, да и биде даде на МПЦ ОА, која ќе го постави во просторија во рамките на Соборниот храм св. Климент Охридски во Скопје, која што ќе послужи како просторија во која ќе може да се склучи граѓански брак. Благодарност до МОЦ ОА, благодарност до градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и до семејството на познатиот резбар Нестор Алексиев Мирчевски, што ова богатство повторно ќе го ставиме во функција, изјави Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави