Иако нема конечни резултати од неколку контроверзни држави кои би можеле да одлучат за исходот на претседателските избори во САД, републиканскиот претседател Доналд Трамп вчера објави победа над неговиот ривал демократот Џо Бајден и тоа го потврди стравот на демократите, изразен со недели, дека Трамп ќе се обиде да ги оспори изборните резултати.
Ова може да предизвика голем број судски и политички потези, како резултат на што за исходот на изборите ќе одлучува некоја комбинација на судови, американски политичари и Конгрес.
Податоците за изборите покажаа дека многу повеќе демократи гласале по пошта отколку републиканците. Во држави како Пенсилванија и Висконсин, кои не почнуваат да бројат поштенски ливчиња пред денот на изборите, првичните резултати се чинеа во корист на Трамп, бидејќи тие полека ги бројаа поштенските ливчиња.
Демократите изразија страв дека Трамп ќе прогласи победа пред да се избројат сите овие гласачки ливчиња, како што се случи.
Изборниот резултат со мала разлика може да доведе до тужби поврзани со постапките за гласање и пребројување на гласовите во клучните држави. Жалбите поднесени во одделни држави може да стигнат до Врховниот суд, како што се случи на изборите во Флорида во 2000 година, каде републиканецот Џорџ В. Буш го победи Ал Гор со само 537 гласа откако највисокиот суд во земјата го прекина повторното пребројувње.
Трамп ја постави Ејми Кони Барет на судија на Врховниот суд само неколку дена пред изборите, создавајќи таму конзервативно мнозинство од 6 спрема 3, што може да му користи на претседателот ако судот треба да донесе одлука за оспорени избори.
„Ние сакаме законот да се примени правилно. Затоа ќе се обратиме до Врховниот суд. Сакаме сите гласања да престанат”, рече Трамп вчера, иако законите за државните избори предвидуваат пребројување на сите законски подадени гласачки ливчиња. Во многу држави, ова обично трае со денови.
Американскиот претседател не се избира со мнозинство гласови од националното гласање. Според уставот, кандидатот кој ќе освои мнозинство од 538 гласачи во Изборниот колеџ станува претседател. Во 2016 година, Трамп доби помалку гласови од демократот Хилари Клинтон, но успеа да обезбеди 304 гласа на колеџот наспроти 227 за неа. Кандидатот кој ќе победи на масовниот глас во една држава, по правило, ги освојува гласовите на сите гласачи во таа држава. Оваа година гласачите ќе се состанат на 14 декември за да го утврдат победникот.
Гувернерите обично ги потврдуваат резултатите во нивните држави и ги доставуваат овие информации до Конгресот.
Сепак, аналитичари опишаа сценарио во кое гувернерот и законодавниот дом во многу оспоруваната држава презентираат два различни изборни резултати.Фронт-државите, како што се Пенсилванија, Мичиген, Висконсин и Северна Каролина, имаат демократски гувернери, а локалните законодавни тела се контролирани од републиканците.
Според адвокати, во такво сценарио не е јасно дали Конгресот треба да го прифати списокот на гласачи презентиран од гувернерот или не. Иако повеќето експерти сметаат дека ваквото сценарио е малку веројатно, постои историски преседан. Законодавниот дом под контрола на републиканците во Флорида разговараше дали да се испратат гласачи во 2000 година пред Врховниот суд да го отфрли спорот Буш-Гор. Во 1876 година, три држави назначија „дупликати гласачи”, што го натера Конгресот да го донесе Законот за определување на изборите во 1887 година.
Според овој нормативен акт, секој дом на Конгресот мора да одлучи одделно кој од двата списока на гласачи да прифати. Републиканците во моментов го контролираат Сенатот, а демократите го контролираат Претставничкиот дом, но гласачкото тело ќе биде одобрено од новиот Конгрес, кој ќе положи заклетва на 3 јануари. Во случај на несогласување помеѓу нив, не е целосно јасно што се случува.
Според законот, гласачите одобрени од „извршната власт” на секоја држава имаат приоритет. Многу експерти го толкуваат ова да означи гувернер, но други го отфрлаат ова толкување. Овој закон никогаш не бил разгледан или толкуван од суд.
Едно од стручните толкувања е целосно дисквалификување на спорните гласови во Изборниот колегиум, односно намалување на составот. Сепак, законот за кој станува збор не појаснува дали во таков случај за избор на претседател сепак ќе бидат потребни 270 изборни гласови (мнозинство од вкупно 538 гласови) или мнозинство од преостанатите гласови.
Ако оваа логика сака да оспори и исклучи, на пример, 20-те изборни гласови на Пенсилванија, се поставува прашањето дали претседателот ќе може да биде избран со 260 гласа, што ќе биде мнозинство од преостанатите 518 гласа.
Страните во спорот можат апелираат до Врховниот суд да најде излез во случај на ќор-сокак во Конгресот, но неизвесно е дали судот ќе биде подготвен да одлучи како Конгресот треба да ги брои изборните гласови.
– Ако се одлучи дека нема кандидат со обезбедено мнозинство во Изборниот колеџ, тогаш се покренува постапка според 12-от амандман на Уставот на САД, познат како „предвремени избори”.
Според тоа, претседателот е избран од Претставничкиот дом, а потпретседателот – од Сенатот.
Разликата е во тоа што делегацијата на секоја држава во Претставничкиот дом добива 1 глас. Републиканците во моментов контролираат 26 од 50 американски делегации, а демократите контролираат 22. Една делегација е поделена на еднаков број републиканци и демократи, а друга се состои од 7 демократи, 6 републиканци и еден либерталијанец.
Во Сенатот, секој сенатор гласа индивидуално за потпретседател. Оваа постапка е активирана во „пат” ситуација во Колеџот – 269 со 269 гласови. Постојат неколку опции што можат да доведат до таква ситуација по вчерашните избори.
Секое оспорување на изборите мора да се реши во строго утврден рок – 20 јануари, кога, според уставот, завршува мандатот на сегашниот претседател. Според законот за трансфер на претседател, доколку Конгресот се уште не најави нов претседател или потпретседател, претседателот на Претставничкиот дом ќе стане вршител на должноста претседател. Во моментов ова е Ненси Пелоси, демократ од Калифорнија.