Босна и Херцеговина денеска бележи неславен црн рекорд во битката со пандемијата од коронавирусот со 54 починати лица. Регистрирани се нови 1.886 инфицирани лица од 4.582 направени тестови.
Бројот на новозаразените лица спореден со изминатиот четврток бележи благо опаѓање, бидејќи тогаш беа евидентирани 1.922 заразени од 5.255 направени тестови.
Досега се тестирани вкупно 220.869 лица, а позитивни биле 37.540.
Со денешниот ден во федерацијата БиХ излекувани се 20.888, а во изминатите 24 часа регистрирани се 199 пациенти кои ја добиле битката со коронавирусот. Активни случаи со коронавирус остануваат 15.740 пациенти
Во Република Српска за последните 24 часа потврдени се 589 нови случаји на инфицирани од коронавирусот. Тоа е помалку во споредба со вчерашните бројки кога беа регистрирани 622 лица.



