Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати тековно предложената рамка за преговори со Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата до неа, бидејќи не ги дава потребните гаранции за исполнување на условите за Бугарија, соопшти бугарското министерството за надворешни работи.
„Во исто време, Бугарија му се заблагодарува на германското претседателство со Советот на ЕУ и комесарот за проширување Оливер Вархеи за конструктивниот пристап и секојдневната заедничка работа во потрага по решение што е сè уште можно да се постигне и покрај кратките рокови“, велат од Министерството.
За Бугарија е неприфатлива опцијата за поставување на нејзините услови за Република Северна Македонија во декларацијата на Советот на ЕУ, придружувајќи ја рамката за преговори.
„Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на Рамката за преговори, на кој инсистираме“, соопшти бугарското МНР.