Лидерот во италјанската фудбалска калчолигашка конкуренција Милан, неочекувано претрпе убедлив пораз од францускиот Лил на свој терен во рамките од 3. коло во групата од Лига Европа (0:3). Во центарот на вниманието на овој меч се најде искусниот гол-мајстор Златан Ибрахимовиќ кој збесна на теренот кога тренерот Стефано Пиоли се одлуч во 62 минута да го повлече од игра, а гостите веќе имаа предност од три гола.
Овој потег на Пиоли не му се допадна на шведскиот интеранционалец. Тој сметаше дека единствен може нешто да стори да се смени ситуацијата и резултатот на теренот, па со прстот бесен му покажа на тренерот да не го прави тоа. И покрај укажувањето и нервозната реакција на Ибрахимовиќ, тренерот на Милан не ја смени својата одлука, па голгетерот мораше предвреме да замине во соблекувалната.
https://youtu.be/JNb8_GQ5FIY