(Видео) Борис Џонсон ги повика Британците да останат дома

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика граѓаните да останат дома во времето кога стапуваат на сила мерките за карантин, и посочи дека програмата за тестирање и следење на контакти немала толку влијание како што сакала владата, но дека состојбата се подобрува.

Џонсон додаде дека се надева дека некој вид нормален живот ќе се врати во земјата пред прославата на Божиќ според грегоријанскиот календар, доколку луѓето ги следат правилата, пренесува „Ројтерс“.

Тој рече дека е свесен дека луѓето се уморни, но процени дека мерките, кои ќе бидат во сила четири недели, навистина ќе имаат влијание врз вирусот, пренесе „Би-би-си“.

Џонсон на прес-конференција во Даунинг стрит рече дека валидноста на рестриктивните мерки „автоматски ќе истече“ на 2 декември.

Треба да знаете
Последни објави