Водител на Си-ен-ен спиел 6,5 часа во три дена поради изборите

Мајсторот на Си-ен-ен за изборни мапи, Џон Кинг спиел само 6,5 часа во три дена поради изборите во САД, кои сѐ уште немаат завршница и епилог.

– Ме снимаа 12 – 14 часа и во вторникот и во средата. Вторникот вечерта спиев 2,5 часа, а вчеравечер – четири часа. Среќен сум што можам да направам колку што можам. Ова е неверојатна приказна која трае. Уште повеќе поради пандемијата и влијанието врз сè ова, рече сношти Кинг во изјава за „Лос Анџелес тајмс”.

По својот своевиден подвиг, како и за својата неуморност при претставувањето податоци, 59-годишниот новинар и водител доби бројни признанија од своите колеги и други сотатковинци.

Треба да знаете
Последни објави