Димитров: Преку договорите со Грција и Бугарија останувам на светлата страна на историјата

„Ова што го работам во моментов за мене е многу повеќе мисија отколку кариера. Сакам на следните генерации да им оставиме подобра држава, просперитетна држава, да имаат нашите деца подобри стартни позиции од оние што сме ги имале ние. Криењето на проблемите под тепих не помага, може е полесно ама верувајте не помага. Нашите големи сојузници и стратешки партнери ја препознаваат нашата политика на пријателство и соработка. Ние немаме друг пат освен овој по кој се движиме, затоа и понатаму сметам дека сум на вистинската страна на историјата.“- изјави Никола Димитров, вицепремиер за евроинтеграции на Канал 5, запрашан дали и понатаму смета дека договорите со Грција и Бугарија и носат подобра иднина на државата и дали тој и натаму смета дека е исправно што учевствувал во нивното потпишување.

Треба да знаете
Последни објави