Заврши реконструкцијата на улицата Востаничка

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Востаничка во општината Кисела Вода. Оваа значајна сообраќајница се реконструираше на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На делницата долга 1.100 метри се обновени коловозот и рабниците, а се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, онаму каде што беше неопходно.

На барање на граѓаните, на тротоарите на раскрсниците на улицата Востаничка ќе бидат поставени столпчиња за да се зголеми прегледноста и безбедноста на раскрсниците, за сите учесници во сообраќајот.

Значајно е да се нагласи дека при оваа реконструкција е решен и еден горлив проблем што со години ги мачеше граѓаните од овој дел на градот – на улицата Востаничка беше обновена водоводната мрежа и беа изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.

Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа предмет на реконструкција минатата година.

 

Треба да знаете
Последни објави