Ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, обезбедува средства во висина од 470 милиони евра, за помош и поддршка на граѓаните и економијата погодени со последиците од коронакризата, но и за финансирање на капитални, локални проекти.
Со ребалансот се обезбедни средства за 19 проекти во десетици општини низ државата, со огромно значење за граѓаните низ целата држава.
120 милиони денари се предвидени за реконструкција на Универзалната сала во Скопје, 20 милиони денари за изградба на систем за водонсабдување во општина Чаир, а со 7 милиони денари се финансира реконструкцијата на спортската сала Соколана во Куманово.
6 милиони денари се обезбедени за имплементација на препораките на УНЕСКО за општина Охрид, а предвидени се и средства за санација на Колекторскиот ситем на Охридското Езеро.
Со 5 милиони денари преку ребалансот се финансира почетокот на изградбата на клучка кај Момин Поток во општина Карпош, а во истата општина ќе се финансира и почеток на изградбата на мост за што се обезбедени нови 4 милиони денари.
10 милиони денари се наменери за изградба на канализациска мрежа во општина Сарај, а со 7.5 милиони денари ќе се финансира нов систем за водоснабдување во општина Тетово.
Со средствата од ребалансот се обезбедени пари и за проекти и во Кочани, Маврово Ростуше, Валандово, Кичево, Пробиштип, Крива Паланка, Штип, Прилеп, Дојран, Демир Капија и Центар Жупа.
СДСМ како одговорна партија, и во време на сериозна светска економска криза, обезбедува сериозни капитални инвестиции, за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.