Манасков не отпатува со репрезентацијата за Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација  нема да може да смета на услугите на Дејан Мансков на утрешниот (18.30 ч.) втор квалификациски натпревар од групата 7 за ЕП-2022 против Швајцарија. Искусниот крилен играч Манасков не се најде мнеѓу патниците во денешниот чартер-лет со кој отпатува македонската експедиција за Швајцарија.

Причина е коронавирусот. Но, не е инфициран Мансков, туку немањето можност да направи тест за коронавирусот во Шафхаузен каде што ќе се игра овој меч, а кој му е неопходен да врати во својот тим, унгарскиот Веспрем. Унгарците имаат строги прописи за влез во земјата, па ако Манасков нема валиден ПЦР-тест ќе мора да замине во 14-дневен карантин, што не е прифатлива опција за неговиот клуб.

Затоа, левото крило остана во Скопје, каде што ќе прави тест на Ковид-19, пред да се врати утре во Веспрем. Селекторот Данило Брестовац на располагање го има само Бојан Маџовски на таа позиција и нема да може да комбинира многу на дуелот во Шафхаузен.

Претходно од списокот отпаднаа Марио Танкоски, Мартин Поповски и Мартин Велковски поради позитивните тестови на Ковид-19, а за дуелот со Швајцарија Брестовац нема да смета ниту на Марко Кизиќ. На местото на Манасков, во ростерот ќе биде дефанзивецот Милорад Кукоски.

Треба да знаете
Последни објави