Премиерот Зоран Заев, заедно со министрите за транспорт и врски и за економија Благој Бочварски и Крешник Бектеши, денеска ќе изврши увид во градежните активности на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.
Ова е еден од двата крака од магистралниот гасовод што се гради во земјава. Неодамна, министерот за траспорт и врски во Штип изјави дека кракот Куманово-Штип-Прилеп-Битола е со 90 процентна реализација, а кракот Скопје-Тетово-Гостивар со над 60-процентна реализација. Двата крака, според очекувањата на Бочварски, треба да бидат готови следната година.
Магистралниот гасовод е во надлежност на Национални енергетски ресурси. На настанот најавено е присуство и на директорот на НЕР, Бајрам Реџепи.