После повеќе децении, целосно се реконструирани пристапните краци до зградите на улицата „Вич“ во населбата Карпош 4. Службите на Општина Карпош асфалтираа површина од 3.000 м2, со што се обезбедува подобар и побезбеден пристап за граѓаните и нивните возила, до живеалиштата.
Во оваа населба, во делот на обнова на инфраструктурата, беше направена и реконструкција на улицата „Трифун Бузев“, а Градот Скопје ги обнови и сообраќајниците „Никола Парапунов“ и „Љубљанска“.
Локалната самоуправа продолжува да вложува во одржување на постоечката, но и развој на нова инфраструктура, како во централните населби, така и во периферните делови на општината.