Во последните 24 часа во светот се потврдени 581.000 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, вкупниот број на заразени на глобално ниво се искачи на 48,53 милиони. Бројот на смртни случаи во изминатиот ден се зголеми за 8.000, на 1,23 милиони.
Од вкупниот број новозаразени, половина се евидентирани во Европа, 308.876. Следат Јужна и Северна Америка со 167.031 и Југоисточна Азија со 61.831 нови случаи.
Најмногу новоинфицирани од почетокот на пандемијата се регистрирани во САД, 9,38 милиони. Следува Индија со 8,4 и Бразил со 5,5 милиони случаи на коронавирус.