Американските граѓани внимателно ги следеа изборите за претседател на државата, поради што не спиеле многу ноќта меѓу вторникот и средата, а статистичките податоци велат дека изгубиле речиси 139 милиони часа сон поради претседателската трка меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, јави Фокс њуз.
Статистичките податоци покажуваат дека Американците изгубиле 138.833.045 часа сон, објави истражувачката куќа Оура. Тоа значи дека секој Американец изгубил 25 минути сон.
Пулсот кај Американците исто така бил засилен, па нивното срце чукало побрзо за 1,4 отчукувања во минута, а Оура додава дека изборите предизвикале 15 отсто поголем стрес отколку во секојдневниот живот и девет проценти посилна вознемиреност.