Земјотрес со јачина од 4,4 степени рано утрово е почуствуван на Халкидики, соопшти Аристотеловиот универзитет во Солун.
Епицентарот на земјотресот, кој се случил во 00:16 бил на 125 километри југоисточно од Солун во водениот дел на Халкидики, пренесе „АНА“.
Како што се наведува, после првиот урад следел и послаб потрес со јачина од 2,6 степени.
За сега нема податоци за било каква материјална штета.