Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека нема намера да ги изложува граѓаните на трошоци за фудбалскиот клуб Вардар.
-Вардар е даден како што е даден, со десет годишен договор во кој што инвеститорот си има свои обврски, јас немам намера граѓаните на градот Скопје да ги изложам на трошоци од 3,5 милиони коишто сега се во моментот, но и 5-6 милиони колку што чини клубот годишно. Јас не мислам дека граѓаните треба тоа да го плаќаат од буџетот на Град Скопје, истакна првиот човек на Град Скопје.
Тој рече дека за Smart city е завршен тендерот, отворени се понудите, во фаза се евалуација на понудите.
– Мислам дека до нова година ќе биде целосно завршен и ќе започнеме со негова имплементација. Градот ќе биде сериозно дигитализиран и со различни апликации којшто ќе бидат од помош и за асистенција на граѓаните од средина на наредната година“, порача Шилегов во „Click Plus“ на ТВ21.