Баер го спречи Дијаби да оди во Манчестер јунајтед

Германскиот фудбалски бундеслигаш Баер Леверкузен одби во последниот преоден рок да го продаде напаѓачот Муса Дијаби. Според „Билд”, Манчестер јунајтед бил подготвен да плати 50 милиони евра за 21-годишниот Французин.

Раководството на германскиот клуб не сакаше да дозволи заминување на уште еден напаѓач по Каи Хаверц и Кевин Фоланд.

Дијаби оваа сезона одигра 10 натпревари во сите натпреаврувања, постигна два гола и оствари две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави