Богојески бара одговорсност од владата што направила да го неутрализира говорот на омраза на Бугарија кон Македонија и Македонците

Македонски концепт и Петар Богојески бараат одговор од Владата и МНР, што тие имаат преземено за да го неутрализираат говорот на омраза од Бугарија кон Македонија и Македонците кој секојдневно го гледаме во изјавите на високи бугарски функционери и граѓани. Врз основа на што прифаќаат забелешки од бугарската Влада за наводен говор на омраза од нас кон нив, а ништо не прават во одбрана на македонските интереси?

Тој ги повика и невладините организации, особено тие за заштита на граѓански права и проевропски ориентирани, да отворат дебата во Македонија по прашањето за односот помеѓу Македонија и Бугарија, македонските Бугари и говорот на омраза изнесен од страна на Бугарија кон Македонија и Македонците.

Дополнително, македонските Бугари мора да се определат, дали Макединија или Бугарија им е татковина. Исто како македонските Срби или Албанци, за Србија и Албанија. Тој процес на репартијација на македонските Бугари, за кој се имам силно залагано во предходниот период пред највисоките државни и научни авторитети во земјава, треба конечно да се реализира. Тие македонски граѓани мора да бидат интегрирани во нашето општество, рамноправно со сите останати.

Македонски концепт како политичка платформа и Богојески како политички и граѓански активист, промовираат граѓанска држава со граѓанска македонска нација, чиј составен дел се македонските Бугари. Правото на користење на бугарскиот мајчин јазик, рамноправно со сите други јазици го реафирмираме. Но во исто време осудуваме секаков вид на говор на омраза кон нашата држава и граѓаните.

Македонски концепт не го разбира поведението на одредени поединци македонски Бугари кои се арогантно и навредливо кон Македонците и Македонија. Тие истите треба да бидат мост на соработка помеѓу Македонија и Бугарија, а не да поттикнуваат омраза и непријателство помеѓу двете држави и нации.

“Бидејќи лично познавам стотина мак Бугари, најискрено и од срце Ви препорачувам да намалите со дозата на “божидаризам и живковизам”, а да ја зголемите дозата на “јаворовизам”. На сите Вас, без разлика на која партија и припаѓате во Македонија или Бугарија. Започнете да го сонувате братството и пријателството помеѓу Македонците и Бугарите во Обединета Европа, на рамноправни основи. За тоа Ви стоиме на располагање и јас и Македонски концепт”, вели Петар Богојески.

Треба да знаете
Последни објави