Бројот на новозаразени со коронавирус во Русија надмина 20.000

Во Русија бројот на заразени со коронавирус е зголемен за 20.582 во последните 24 часа, што е најголемо дневно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 во земјата од почетокот на пандемијата, потврди тамошниот кризен штаб.

Според овие податоци, од почетокот на пандемијата во Русија се потврдени 1.733.440 случаи на Ковид-19.

Досега во Русија починале 29.887 заболени од Ковид-19, а во претходните 24 часа 378, објави ТАСС.

Кризниот штаб објави дека дневниот пораст на бројот на новоинфицирани лица се зголемил на 1,2, додека стапката на смртност од Ковид-19 останала непроменета и изнесува 1,72 проценти.

Во моментов има 407,429 активни случаи на инфекција во Русија.

Треба да знаете
Последни објави