Неколку лекарски здруженија на Словенија побараа сите расположливи медицински работници да се вклучат во здравствениот систем и да се ангажираат во борбатапротивепидемијата со Ковид-19, бидејќи се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти, а не се доволни медицински работници.
Претседателот на Словенечкото медицинско здружение и претседавач со одборот за координација на медицинските институции Радко Комадина изјави дека јавното здравство е на сериозен тест и оти се влошува ситуацијата.
– Податоците од здравствените институции покажуваат дека располагаме со доволем број најважни медицински апарати, како што се респираторите,но од друга страна ни недостига квалификувани медицински работници кои знаат да ја користат таа технологија, посочи Комадина.