Вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи денеска оддаде почит на жртвите на ОВК во меморијалниот комплекс во Преказ. На новинарско прашање за последните случувања во земјата од страна на Специјалните единици и обвинението против поранешните водачи на ОВК рече дека Косово не се плаши од вистината и дека се знае кои се оние што сториле злосторства.
-Тие злосторства ги изврши Србија и беа извршени пред очите на целиот свет.Тука можеме да видиме директни докази за човечки злосторства и геноцид извршени од Србија на Косово, возврати Османи.
Вјоса Османи ја презеде функцијата вршителката на должноста претседател на Косово по оставката на Хашим Тачи.