По една година, шведската активистка за животна средина Грета Тунберг му врати на американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот коментар дека таа мора да работи на проблемот со контролата на гневот и да олади, така што му напиша дека тој ќе мора да се смири.
So ridiculous. Donald must work on his Anger Management problem, then go to a good old fashioned movie with a friend! Chill Donald, Chill! https://t.co/4RNVBqRYBA
— Greta Thunberg (@GretaThunberg) November 5, 2020
Коментирајќи го твитот на Трамп во кој тој напиша дека треба да се запре броењето на гласовите, Тунберг напиша дека тоа е глупаво и дека ќе мора да работи на неговиот проблем на контрола на гневот.
„Смешно. Доналд треба да поработи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа со пријателите да гледа добар старомоден филм. Олади, Доналд, олади“, Тунберг напиша речиси идентични зборови што Трамп ѝ ги испрати минатата година.