ЕУ им воведе санкции на Луканешко, неговиот син и 15 белоруски функционери

Со објавувањето во Службениот весник на ЕУ, денеска влегоа во сила санкциите против 15 нови членови на белоруските власти, вклучувајќи ги Александар Лукашенко и неговиот син и советник за национална безбедност, Виктор Лукашенко, соопшти Советот на ЕУ.

ЕУ минатиот месец воведе санкции кон белоруските власти за репресиите и заплашувањата на мирните демонстранти, членови на опозицијата и новинарите, по претседателските избори во Белорусија во 2020 година.

Рестриктивните мерки на ЕУ, што се однесуваат на вкупно 59 лица, вклучуваат забрани за патувања и замрзнување на средства. Покрај тоа, на граѓаните и на компаниите на ЕУ им е забрането да ставаат средства на располагање на наведените лица.

Треба да знаете
Последни објави