Британскиот пејач-текстописец Џејмс Блант откри дека има демначка која е убедена дека неговиот хит сингл You’re Beautiful е напишан за неа – и таа сака авторски права.
46-годишниот музичар ја објави својата позната песна во 2004 година, и рече дека некоја жена во САД е категорична дека ја напишал песната откако ја видел во метрото во 1984 година. Ова тврдење е доста чудно бидејќи тој тогаш имал само 10 години, и никогаш не бил во САД до 2002 година.
Во интервју за „Сан“, Џејмс вели жената бара авторски права од песната, па дури и му испратила документ од 50 страници во кој го обвинува дека ја демне, иако тој инсистира дека е обратно.
„Беше прилично застрашувачки. Морав да истакнам дека не бев во метрото во 1984 година, кога таа тврдеше дека ме видела.“
„А, причината што можев да докажам дека таа не е жената во песната беше дека во 1984 година имав десет години, а првпат го посетив САД во 2002 година. Така, сето тоа беше малку чудно,“ рече Британецот во интервјуто за „Сан“.