Сега е време кога треба да бидеме свесни и совесни, кога мораме да се штитиме себеси и сите околу нас со носење на заштитна маска.
Треба да бидеме одговорни и да ги заштитиме ранливите категории, повозрасните и други луѓе кои се во ризик и болеста би ја поднеле тешко или за жал, фатално.
Затоа #НосамМаска, тоа е акт на одговорност и почитување на луѓето, на тој начин се грижиме за сите, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.